Маслата за масажа на козметичката куќа PRIMA KOZMETIKA се наменети за професионални салони за нега и убавина и претставуваат современи, економични и практични производи за употреба. Унапредената формула овозможува продолжена активност и подобар ефект при мануелната стимулација. Прима козметика во својата понуда има високо квалитетни масла и креми за масажи, со внимателно комбинирани состојки кои ефикасно делуваат на забрзување на циркулацијата, спречување на појава на целулолит, ја отстрануваат напнатоста и ги смируваат воспалителните процеси на кожата и мускулите. Пријатниот аромо тераписки мирис воспоставува психофизички баланс и го подигнува енергетското ниво во целиот организам.